Албански криминалец, повторно ги провоцира Британците- парадира во Ролс Ројс од 360.000 евра

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Албански криминалец, повторно ги провоцира Британците- парадира во Ролс Ројс од 360.000 евра

Албанскиот криминалец Доријан Пука (28) побарал азил за да избегне депортација, а потоа ги исмејувал британските даночни обврзници и Министерството за внатрешни работи снимајќи се како вози низ Лондон со Ролс-Ројс вреден неверојатни 300.000 фунти (околу 360.000 евра).

Облечен во модниот бренд Гучи, Доријан досега двапати е уапсен и депортиран поради серија кражби во Велика Британија.

На неговиот профил на TikTok, кој има 1.500 следбеници, објави видео на кое се вози низ Лондон во луксузен автомобил додека во позадина слуша албанска музика.

@dorian.doriii #roysrolls #london #albania🇦🇱 ♬ son original - user11339327761

Во ова, како што забележаа корисниците, дрско видео, се чини дека тој паркирал на жолтата лента за да ја покаже надворешноста на светкавиот автомобил, внимавајќи да не ја покаже регистарската табличка.

Тој на својот Инстаграм профил објави и клип од филмот Американски гангстер на кој се гледа ликот на Дензел Вашингтон, Френк Лукас, како зборува за важноста на „чесноста и интегритетот“ во бизнисот.

И покрај тоа што двапати беше исфрлен од Велика Британија, Пука не може да биде отстранет од земјата по трет пат додека не се реши неговото последно барање за азил - по цена од околу 12.000 фунти за даночните обврзници, пишува Дејли мејл.

Барателите на азил можат да бараат и 49,18 фунти неделно јавни пари како поддршка за азил.

Пука најпрво беше затворен во 2016 година на девет месеци, а потоа депортиран следната година поради обид да упадне во куќа во Твикенхем, кога сопственикот, кој бил на одмор во Франција, го снимил со помош на веб камера.

Меѓутоа, за една година Пука успеал да ја избегне граничната контрола и се упатил назад во Британија каде продолжил да провалува и ограбува куќи во Лондон. Тој на крајот бил уапсен од полицаец во цивилна облека во Сурбитон на југозападниот дел од градот, со скап украден часовник.

Пука бил во затвор три и пол години, но ниту тоа што бил зад решетки не го смирило. Тој стана познат по објавувањето на фотографии на затвореници поврзани со организирани криминални групи, направени со шверцуван телефон.

Тој бил депортиран во март 2020 година, но се вратил следниот јануари. Објавите на социјалните мрежи покажаа дека патувал низ Германија, Белгија и Холандија.

И покрај ова, Министерството за внатрешни работи соопшти дека тој не може да биде депортиран додека неговото барање за азил не биде целосно разгледано. Овој процес може да потрае со месеци, па дури и со години поради огромниот и постојано растечки број жалби на Имиграцискиот трибунал.

Ова не е прв пат Пука да ја исмева британската јавност на својот профил на TikTok.

На почетокот на годината објави видео како ја дочекува 2025 година додека пуши луле пред стомачна танчерка. Триминутното видео, кое беше објавено на неговиот TikTok, заврши со снимка од Парламентот и Биг Бен, прекриени со зборовите: „Среќна Нова Година на сите!...Посакајте им сѐ најдобро на сите!“.

@dorian.doriii #roysrolls #c63amg #rangerover ♬ The Robbery - Bugzy Malone & TeeDee

Пука, исто така, претходно покажа и други луксузни автомобили, меѓу кои и Porsche Cayenne од 75.000 фунти, Mercedes G-Wagon од 130.000 фунти, Бентли Бентаига од 155.000 фунти, BMW X5 од 55.000 фунти и Mercedes AMG од 46.000 фунти.

Во врска со Пука, портпаролот на МВР претходно изјави: „Странските државјани кои вршат злосторства не треба да се сомневаат дека законот ќе биде спроведен. Г-дин Пука претходно беше депортиран од Британија. Според законот на Британија не можеме да депортираме поединци каде што има барања кои сè уште се во тек“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата