Почина Мигел Урибе: Кандидатот за претседател на Колумбија, го уби 15-годишно момче (ВИДЕО)

11.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина Мигел Урибе: Кандидатот за претседател на Колумбија, го уби 15-годишно момче (ВИДЕО)

Според изјавите на сведоци, 39-годишниот член на опозициската конзервативна партија Демократски центар бил погоден со огнено оружје во парк во населбата Фонтибон, додека држел говор.

Урибе им подлегна на повредите по два месеца

На социјалните мрежи претходно се појави снимка од потерата по тинејџерот. На видеото се гледа дека атентаторот бил ранет во ногата и пукал кон полицијата додека се обидувал да побегне, а тие му возвратиле со оган.

Ројтерс во јуни објави дека колумбискиот сенатор бил застрелан во Богота, а атентатот го осудија властите на таа земја и неговата конзервативна партија Демократски центар, додека сопругата Марија Клаудија Таразона објави дека Урибе Турбај се бори за живот во болница.

На видео-снимките објавени на денот на пукањето на социјалните мрежи, се гледаше како му укажуваат помош на Урибе, а изгледаше како крв му истекува од главата.

Колумбискиот министер за одбрана Педро Санчез потврди дека осомничениот, наводно 15-годишно момче кое носело пиштол, бил уапсен на местото на пукањето.

Урибе два месеца се бореше за живот во болница, но денес ја изгуби најважната битка, соопшти неговата сопруга.

(Blic)

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата