По силниот земјотрес во Русија, нова голема ерупција на вулкан во Азија- столбот од пепел е висок 10 километри

1.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По силниот земјотрес во Русија, нова голема ерупција на вулкан во Азија- столбот од пепел е висок 10 километри

Во последните месеци се регистрирани неколку ерупции, вклучувајќи една на почетокот на јули која исфрли пепел во висина од 18 километри, прекинувајќи го воздушниот сообраќај кон и од блискиот остров Бали, објави Ројтерс.

Агенцијата за вулканологија ги предупреди луѓето да останат оддалечени шест до седум километри од кратерот и да бидат внимателни на ризикот од лизгање на земјиштето во случај на обилни врнежи од дожд.

Фотографиите објавени од агенцијата покажуваат драматични вулкански молњи над вулканот и столб од пепел што ја рефлектира црвената боја на лавата што тече по планинската падина.

Вулканската ерупција се случи само неколку дена откако мега земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Камчатка, по што следеше и вулканска ерупција на рускиот Далечен Исток.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата