Песков: Што помалку оружје пристигнува од Запад, крајот на војната во Украина е поблиску

3.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Што помалку оружје пристигнува од Запад, крајот на војната во Украина е поблиску

Тој додаде дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во врска со снабдувањето на Украина со оружје и дека „забележува одредени проблеми“.

- Што помалку ракети пристигнуваат од странство во Украина, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција, истакна Песков.

Соединетите Американски Држави завчера соопштија дека ги запираат испораките на одредено оружје за Киев, наведувајќи дека се загрижени за сопствените намалени залихи на муниција.

Секое доцнење или одложување на американските испораки на оружје за Киев ќе ја охрабри Русија да ја продолжи својата инвазија, соопшти вчера украинското Министерство за надворешни работи, откако го повика американскиот вршител на должност во Амбасадата на САД.

„Украинската страна нагласи дека секое доцнење или одложување на поддршката за одбранбените способности на Украина само ќе го охрабри агресорот да ја продолжи војната и теророт, наместо да бара мир“, се вели во соопштението на украинското Министерство.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата