Песков: Русија ќе одговори соодветно во случај на прекршување на мајското примирје

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Русија ќе одговори соодветно во случај на прекршување на мајското примирје

„Секако, иницијативата на претседателот Владимир Путин за привремен прекин на огнот за време на празникот е актуелна. И соодветните инструкции беа дадени од Врховниот командант. Но, тука сакам да ве потсетам на нашиот став. Огнот ќе престане, но ако режимот во Киев не обезбеди реципроцитет, а обидите за напад врз нашите позиции или нашите објекти продолжат, тогаш веднаш ќе следи соодветен одговор“, рече Песков на прес-конференција.

Тој додаде дека продолжува соработката на Русија со Соединетите Американски Држави во преговорите за мирно решение на украинската криза. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата