Песков: Путин и Си се во постојан контакт, директно или индиректно, преку посредници

31.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Путин и Си се во постојан контакт, директно или индиректно, преку посредници

Руските медиуми пренесуваат дека Пескова ова го изјави како одговор на прашањето дали Путин има намера да му пренесе порака на кинескиот претседател преку рускиот премиер Михаил Мишустин, кој наскоро ќе ја посети Кина.

Портпаролот на Кремљ одби да го коментира извештајот на „Фајненшл тајмс“ за причините за наводното откажување на средбата меѓу рускиот и американскиот претседател.

„Во овој случај, можеме да се потпреме исклучиво на формулацијата на руското Министерство за надворешни работи и американскиот Стејт департмент“, рече Песков, без да даде дополнителни детали.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе има средба со постојаните членови на Советот за безбедност, објави Песков.

„Претседателот планира да одржи состанок со постојаните членови на Советот за безбедност на средина од денот. Тој самиот ќе ја одреди темата на разговорот“, изјави портпаролот на Кремљ.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата