Патник нокаутира стјуард- при слетување сакал да ја отвори вратата од авионот (ВИДЕО)

1.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Патник нокаутира стјуард- при слетување сакал да ја отвори вратата од авионот (ВИДЕО)

Таков бил случајот во четвртокот, 28 август, кога патник на „Саудиа ерлајнс“ од Џеда, кој слетал на Хитроу во Лондон, сака веднаш да го напушти авионот. Покрај тоа, според извештаите на британските медиуми, тој го напуштил своето место, се скарал со еден од стјуардите, го удрил и се обидел да ја отвори вратата на Боингот 787.

Аеродромската полиција и пожарникарите одговорија на барањето на пилотот, кој морал ненадејно да закочи на патеката до Терминал 4 по инцидентот и да ја повика полицијата за помош, пишува „Индипендент“.

Авионот на „Саудиа ерлајнс“, регистриран како HZ-AR27, полетал од Џеда со 38 минути задоцнување и пристигнал во Лондон за нешто повеќе од шест часа. Саудискиот Боинг на летот SV119 бил опкружен од четири противпожарни возила, шест полициски автомобили и неколку амбулантни возила: полицијата се качи во авионот и го уапси напаѓачот.

„Полицијата на аеродромот Хитроу уапси 33-годишен маж под сомнение за загрозување на безбедноста на авионот, извршување на два напада, однесување на заканувачки, навредлив и вознемирувачки начин кон член на екипажот и оштетување на авионот“, се вели во соопштението на Метрополитенската полиција.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата