Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел

Говорејќи од базиликата „Свети Петар“, поглаварот на Римокатоличката црква рече дека со голема загриженост ја следи ситуацијата и апелираше за итен дијалог.

– Во ваков чувствителен момент, сакам повторно да повикам на одговорност и разум. Посветеноста на свет без нуклеарни закани треба да се остварува преку искрен дијалог и почит, истакна папата.

Тој додаде дека за траен мир, заснован на правда, братство и заедничко добро, никој не смее да биде загрозен од постоењето на другиот.

– Државите имаат обврска да ја поддржат каузата на мирот, да се насочат кон помирување и да бараат решенија што ќе гарантираат безбедност за сите, порача папата Лав Четиринаесетти.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата