Како што пренесе ДПА, 88-годишниот понтиф беше топло примен од околу 70 затвореници во најпознатиот римски затвор.
Ватикан соопшти дека папата не го извршил свеченото миење на нозете на затворениците, ритуал што го отсликува гестот на Исус Христос пред Тајната вечера.
По совет на лекарите, тој избегнува близок контакт додека закрепнува од тежок напад на пневмонија поради кој беше во болница 38 дена.
За време на посетата, Франциск ги благослови затворениците и персоналот. Тој ги призна своите физички ограничувања, велејќи: „Би сакал да го правам она што го правеше Исус на Велики четврток секоја година, миење на нозете. Оваа година не можам да го направам тоа. Но, можам и сакам да бидам блиску до вас. Се молам за вас и вашите семејства“.