Белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево изјави рано утринава дека неговата земја ќе го стори тоа на Генералното собрание на ОН подоцна во септември.
Сепак, одлуката ќе стапи во сила откако последниот заложник ќе биде ослободен од Газа и Хамас ќе биде демилитаризиран, рече Прево.
„Овој принципиелен став е целосно во согласност со меѓународното право, резолуциите на ОН и заштитата на решението за две држави, и претставува клучна поддршка за постигнување праведен и траен мир“, напиша палестинското Министерство за надворешни работи на платформата Икс.
„Министерството ги повикува сите држави што сè уште не ја признале Државата Палестина итно да го сторат тоа“, се додава во соопштението.
Признавањето на државноста, според Министерството, би ги „интензивирало практичните напори за запирање на израелските злосторства како што се геноцид, присилно раселување, гладување и анексија, истовремено отворајќи вистински политички хоризонт за решавање на конфликтот и ставање крај на израелската окупација на Државата Палестина“.