Пакистан одговори на нападите- серија експлозии одекнаа во индискиот дел на Кашмир

8.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пакистан одговори на нападите- серија експлозии одекнаа во индискиот дел на Кашмир

Како што објави Би-Би-Си, цели на Пакистан беа аеродромот и други воени цели во Кашмир.

Двете земји, обете нуклеарни сили, се на работ на тотална војна во последните денови по терористичкиот напад во кој беа убиени 26 индиски туристи од страна на милитанти за кои Њу Делхи тврди дека се поддржани од властите во Исламабад.

Пакистан ги негираше овие обвинувања. Повеќе од 30 лица беа убиени во индиски напад во вторникот, во кој беа погодени девет цели во пограничната област и на пакистанска територија.

Според непотврдени информации од Њу Делхи, индиските воздухопловни сили успеале да соборат пакистански авион Ф-16. Претходно денес, Пакистан објави дека убила десетици индиски војници.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата