Орбан утре во Париз на покана на Макрон

4.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орбан утре во Париз на покана на Макрон

Главна тема на состанокот, кој ќе се одржи на иницијатива на францускиот лидер, ќе биде руско-украинската војна.

Во неделата, лидерите и дипломатските претставници од 18 земји се сретнаа во Лондон, предводени од британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Макрон, за да разговараат за безбедноста на ЕУ.

Тоа се случи откако средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа, заврши без договор. После тоа, САД денеска ја прекинаа воената помош за Украина.

Унгарската Влада денеска ја поддржа оваа одлука на администрацијата на Трамп.

„Претседателот на САД и унгарската Влада го делат истиот став: наместо продолжување на испораката на оружје и војна, потребно е прекин на огнот и мировни преговори што е можно поскоро“, изјави портпаролот на унгарската Влада./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата