Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин

16.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин

„Со години гледавме како двете најголеми нуклеарни сили ја елиминираат рамката на нивната соработка и си испраќаат пораки едни на други“, напиша Орбан на Фејсбук.

Тој додаде дека сега таа практика е завршена.

„Светот денеска е побезбедно место отколку што беше вчера“, рече Орбан.

Светските лидери денес реагираа на самитот меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, а како што објавија медиумите, реакциите беа поделени - некои го критикуваа недостатокот на конкретни резултати, додека други ја нагласија важноста на самиот дијалог.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата