Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

ОН: Албанските банди ГИ ПРЕЗЕМААТ ЕВРОПСКИТЕ МРЕЖИ ЗА КОКАИН, производството на рекордно ниво

23 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во последната деценија албанските криминални групи станаа главни играчи на пазарот на кокаин во Европа, објави Канцеларијата на Обединетите нации за борба против наркотици и организиран криминал (UNODC), пренесува британски Телеграф.

Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC) соопшти дека одгледувањето на кока се зголемило за 35 отсто меѓу 2020 и 2021 година на рекордно ниво.

Јужноамериканските нарко картели и балканските банди го искористија повлекувањето на коронавирусот за да произведуваат и шверцуваат рекордни количини кокаин низ целиот свет.

Во последниот извештај за „кокаинската мрежа“ за 2023 година се претставени главните транспортни врски од еден континент до друг, а албанските граѓани, како што се наведува, се потпираат на широк спектар на соработници.

Во извештајот се истакнува дека Албанците дури станале фактор за намалување на големопродажната цена на кокаинот, а причината за тоа е многу едноставна.

– Имаме значителен пад на големопродажната цена на кокаинот во Холандија, почнувајќи од 2012 година, а тоа се припишува на улогата на албанските дилери на кокаин да купуваат кокаин директно од изворот – се наведува во извештајот.

Поради оваа причина, белгиските власти потврдиле дека албанските групи се меѓу оние кои се вклучени во извозот на кокаин од пристаништето Антверпен и проширувањето на нивната улога во набавката на кокаин и развојот на контактите во Јужна Америка.

Од Холандија, кокаинот дополнително се дистрибуира во другите европски земји, во кои Албанците повторно играат важна улога, особено во транспортот до Италија и Албанија.

Од канцеларијата на Обединетите нации нагласуваат дека следна дестинација е Велика Британија, каде се проценува дека Албанците имаат значителна контрола на пазарот на кокаин.

Тоа го потврди и Националната агенција за криминал (НЦА) во Британија, која пред една година напиша дека Албанците го контролираат најголемиот дел од пазарот на кокаин во земјата, со вкупен приход од неверојатни шест милијарди фунти.

Албанските државјани на чело на криминалната средина успеале да се населат и во Колумбија, Еквадор, Перу и Панама.

Тие можат да купат кокаин за 4.000 долари за килограм во Јужна Америка, а потоа да го продаваат за 30.000 евра кога ќе пристигне во европските пристаништа, со помош на густа мрежа на корумпирани службеници и пристанишни оператори во големите трговски центри.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ