Тоа барање до владата во Бундестагот го испратиле опозициските демохристијански партии ЦДУ/ЦСУ, пренесе Берлинер Цајтунг.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека би сакал да види дополнителни законски ограничувања за сексуалната работа во Германија, додавајќи дека продажбата на сексуални услуги е „неприфатлива“ и не треба да биде нешто „нормално“.
„Мислам дека не е прифатливо мажите да купуваат жени“, изјави Шолц пред парламентот на германскиот Бундестаг. „Тоа е нешто што морално отсекогаш ми пречело“, додаде Шолц.
„Верувам дека треба да го погледнеме законот и да видиме како тоа најдобро може да се потисне“, додаде германскиот канцелар во одговор на прашања од парламентарците.
Демохристијаните од партиите ЦДУ/ЦСУ, најголемата опозициска пратеничка група во Бундестагот, поднесоа барање за забрана за купување сексуални услуги според т.н. „нордиски модел“.
Според тој предлог, макроата и муштериите треба да бидат казнети, а борделите да се забранат. Во исто време, проститутките би морале да се заштитат себеси, за да им се овозможи полесно да излезат од тоа милје. Демохристијаните повикаа на слични регулативи во Шведска, Норвешка, Исланд, Канада, Франција, Ирска и Израел.
„Германија за жал се претвори во центар на сексуална експлоатација и злоупотреба“, рече заменик-претседателката на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Дороти Бер, одговорна за семејство и култура.
Таа истакна дека 25.000 жени во Германија се занимаваат со проституција и сакала да слушне од германскиот канцелар дали ќе го поддржи предлогот на демохристијаните за забрана на продажба на сексуални услуги.