Од Јемен е испукан проектил врз Израел

28.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од Јемен е испукан проектил врз Израел

Израел претходно се закани со поморска и воздушна блокада против проиранските Хути, кои тврдат дека го напаѓаат Израел во знак на солидарност со Газа.

Од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, Хутите, кои го контролираат поголемиот дел од Јемен, испукаа ракети кон Израел и нападнаа бродови во Црвеното Море, прекинувајќи ја глобалната трговија.

Повеќето ракети и беспилотни летала беа пресретнати од Израел или паднаа пред да ја достигнат својата цел. Израел одговори на нападите на Хутите со серија воздушни напади.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата