Како што објави Си-Ен-Ен, штотуку е објавено дека електронските уреди увезени во САД ќе бидат ослободени од тарифите што ги воведе американскиот претседател.
Ова е суштината на известувањето издадено од Службата за царина и гранична заштита.
Да потсетиме дека Доналд Трамп предизвика вистински светски економски земјотрес кога најави воведување „реципрочни“ тарифи или царини за речиси сите земји во светот, за неколку дена подоцна да ја одложи примената на оваа мерка, освен за Кина, на која воведе царини од 125%.
Според Си-Ен-Ен, паметните телефони и компјутерите ќе бидат ослободени од тарифната одлука. Оваа одлука, според овој медиум, е донесена по стравувањата дека цените на телефоните и компјутерите би можеле да се зголемат неколкукратно, бидејќи голем дел од овие уреди се произведени во Кина.
Други електронски уреди, како што се полупроводници, соларни ќелии и мемориски картички, исто така се ослободени од царина.