Како што е наведено, Хегсет наводно ги споделил истите детали за воените планови кои се објавени минатиот месец во списанието „Атлантик“.
Според неименувани извори на кои се повикува њујоршкиот весник, во таа група станало збор за деталите за временскиот распоред на воздушните напади.
Овие откритија доаѓаат во момент кога еден од највисоките советници на Хегсет, Ден Колдвел, минатата недела беше „испратен“ од Пентагон, откако беше идентификуван за време на истрагата за протекување информации во Министерството за одбрана.