Невидено торнадо го уништи „градот на розите“- прогласен е црвен аларм (ВИДЕО)

26.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Невидено торнадо го уништи „градот на розите“- прогласен е црвен аларм (ВИДЕО)

Торнадото го погоди градот Пуерто Варас околу 15:30 часот по локално време, со брзина на ветерот помеѓу 138 и 178 километри на час, објави БНО њуз.

Се верува дека торнадото предизвикало „умерена штета“ во градот, вклучувајќи сериозно оштетени покриви, превртени возила и киосци, скршени прозорци и врати што паднале.

Според Националната служба за спречување и реагирање при катастрофи (Senapred), од 15:30 часот според локално време, осум лица се повредени, а се проценува дека се оштетени околу 30 домови и еден супермаркет. Во областа е прогласена црвен аларм.

Новинарот Салвадор Шварцман напиша на мрежата X: „Петмина повредени и 10.000 без струја во Пуерто Варас. Триесет куќи се уништени, далноводи и дрвја се соборени, а многу покриви се однесени од налети на ветер од 170 км/ч“.

Во последователните објави, тој изјави дека супермаркетите се уништени и сподели снимки од оштетени автомобили и куќи во градот.

Чилеанската мрежа за геонаука соопшти дека торнадото се движело по југоисточен пат низ центарот на градот. Националната метеоролошка служба МетеоЧиле предупреди дека бурата претставува сериозна закана по животот и им препорача на граѓаните во погодените области да избегнуваат „непотребни ризици“.

Во метеорошкото предупредување се вели: „Се очекуваат временски феномени со висок интензитет, со голема можност за физички ризик и опасност по животот“.

„Останете информирани, следете ги упатствата на властите и бидете подготвени да преземете итни мерки“, се додава во соопштението, истакнувајќи дека торнадото уништило добар дел од инфраструктурата и соборило многу дрвја.

Видеата од торнадото покажуваат делови од згради како се вртат на ветерот, додека електричните кабли се нишаат во сите правци.

Фотографиите покажуваат сериозни штети на јавни објекти, вклучувајќи уништени бензински пумпи и оштетени станбени згради.

Градот Пуерто Варас, познат и како „град на розите“, е познат како туристичка дестинација.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата