Министерствата за финансии на Европската унија денеска почнаа разговори за заедничкиот одбранбен фонд кој ќе купува и поседува воена опрема и на членовите ќе им наплатува надомест за нејзината употреба, со цел да се зголемат трошоците за одбраната без да се оптоваруваат националните сметки со дополнителен долг.
Фондот наречен „Европски одбранбен механизам (European Defence Mechanism - EDM), беше предложен од тинк-тенкот „Бројгел“, објави Ројтерс.
Неколку други земји од ЕУ изразија поддршка за предлогот за вооружување, истакнувајќи дека формирањето таков фонд би можело да биде „технички релативно едноставно“, бидејќи ќе се заснова на моделот на спасувачкиот фонд на еврозоната.
ЕУ веќе размислува за зголемување на воените трошоци за 800 милијарди евра во следните четири години, со релаксирање на фискалните правила за одбранбените инвестиции и со заедничко задолжување за големи одбранбени проекти во рамките на буџетот на ЕУ.
Сепак, таквите опции го зголемуваат националниот долг - причина за загриженост за многу високо задолжени земји - додека предлогот на Бригел ќе дозволи некои одбранбени трошоци да се отстранат од националните книги.
ЕДМ може да прими членови од Европа кои се надвор од ЕУ, како што се Обединетото Кралство, Украина или Норвешка.
Бидејќи фондот би ја поседувал опремата што ја купува, долгот настанат за негово финансирање ќе остане на контото на ЕДМ, а не на националните сметки.