Нетанјаху додаде дека тоа со Иран може да се постигне на два начина: или преку договор, или преку воени средства, пренесува „Џерусалим пост“.
Тој додаде дека договорот би бил прифатлив само ако е сличен на оној со Либија: „Влегуваме, ги креваме во воздух објектите, ја демонтираме целата опрема, под американски надзор и извршување. Тоа е идеалното сценарио“.
„Другата опција, која ние не ја сакаме, е едноставно да ги отежнат преговорите, во тој случај воената опција станува единствен избор.“