Нетанјаху ги одбива повиците за запирање на војната во Газа

10.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху ги одбива повиците за запирање на војната во Газа

На состанокот на неговиот воен кабинет, Нетанјаху рече дека им рекол на лидерите на Франција, Германија и други земји: „Не можете да ја поддржувате елиминацијата на Хамас од една страна, а од друга страна да вршите притисок врз нас да ја завршиме војната, што би ја спречило елиминацијата на Хамас“.

Израелскиот премиер вчера рече дека го цени ветото на САД во Советот за безбедност на ОН, со кое беше блокираано барањето за прекин на огнот во војната против Хамас во Газа.

Тој рече дека Израел ќе ја продолжи војната „за да го елиминира Хамас и да ги постигне другите воени цели што ги поставивме“.

Израел, доцна синоќа, им наложи на жителите да го напуштат центарот на јужниот град Газа Кан Јунис и продолжи со нападите низ палестинската територија.

Откако пропадна прекинот на огнот минатата недела, Израел ја прошири својата копнена офанзива во јужниот дел на Појасот Газа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата