„Им кажуваме на кардиналите дека не можете да продолжите да игнорирате 50 проценти од католичкото население, не можете да влегувате во заклучена соба и да зборувате за иднината на Црквата без половина од Црквата“, рече активистката Миријам Дуињан.
Advocates for women's ordination released pink smoke from a hill near the Vatican, just hours before the start of a male-only conclave to elect a new pontiff. Follow live updates from the Vatican: https://t.co/I1yGRfsiC6 pic.twitter.com/uhr6EzlPYU
— Reuters (@Reuters) May 7, 2025
Таа рече дека следниот папа мора да биде „доволно храбар“ за да се справи со прашањето за поголема вклученост на жените во Црквата, објавува Ројтерс.
Папата Франциск ја подобри положбата на жените во Црквата, но критичарите велат дека не е направено доволно, бидејќи на жените сè уште не им е дозволено да бидат свештеници. Претходно денес, во Систинската капела во Ватикан започна конклавата за избор на 267-миот поглавар на Римокатоличката црква, на која учествуваа 133 кардинали.
Се очекува првото и единствено гласање денес да заврши по 19 часот со испуштање чад. Претходните две конклави, во 2005 и 2013 година, траеја само по два дена.
Папата Франциск беше избран на конклавата во 2013 година по дводневно гласање, а почина на 21 април на 89-годишна возраст и беше погребан во римската базилика Санта Марија Маџоре.