Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

НАТО има нов план?

26 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во текот на следните неколку месеци, НАТО планира да ги зголеми силите на своето источно крило за да ја спречи Русија да го прошири конфликтот надвор од границите на Украина.

Тоа го пишува Политико и наведува дека не сите членки на НАТО ќе можат да ги исполнат своите обврски кон Алијансата, имајќи предвид дека испораките за Украина ги исцрпиле нивните резерви на оружје.

Според „Политико“, НАТО треба да ги убеди земјите-членки да обезбедат војници, скапо оружје, опрема и муниција. И сето тоа предизвикува загриженост кај цела низа земји за исцрпените залихи на оружје, во исто време дека на Украина и треба дополнителна муниција и оружје.

„Политико“ смета дека нема сите сојузници на НАТО да ги исполнат своите ветувања за придонес во плановите на Алијансата. НАТО во неколку наврати во минатото се соочуваше со овој проблем, но експертите сметаат дека тој може да стане хроничен ако се земе предвид дека украинскиот конфликт е далеку од завршен, а за складирање на залихи е потребно време.

Според поранешниот помошник генерален секретар на НАТО за одбранбено планирање Хенрих Браус, првиот ешалон на НАТО може да има приближно 100.000 војници подготвени за распоредување во рок од десет дена. Се претпоставува дека тие можат да бидат испратени од Полска, Норвешка и балтичките земји.

Вториот ешалон би требало да биде подготвен за трансфер, на пример, од Германија, во рок од 10 до 30 дена.

Сепак, процесот би можел да биде комплициран, бидејќи бара многу луѓе, опрема, подготовка и пари. Некои земји ќе треба да го прошират воениот регрут, други ќе треба да ги зголемат трошоците за одбрана.

И не само тоа, секој од НАТО сојузниците би морал да купи повеќе оружје, муниција и опрема, пишува Политико.

Фото: Профи

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ