Најнов црн биланс: Најмалку 91 лице загина во огромните поплави во Тексас (ВИДЕО)

7.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најнов црн биланс: Најмалку 91 лице загина во огромните поплави во Тексас (ВИДЕО)

Левит го пофали одговорот на американскиот претседател Доналд Трамп на поплавите и рече дека администрацијата „работи рака под рака“ со федералните и локалните власти, објави Вашингтон Пост.

„Ситуацијата на терен останува опасна и постои потенцијал за дополнителни закани по јавната безбедност поради новопрогнозираните обилни дождови“, рече таа.

„Извртена лага“

Откако го даде ажурираниот број на жртви, Левит ги критикуваше противниците на Трамп.

Таа рече дека е „извртена лага“ да се обвинува Трамп за какви било неуспеси во одговорот на ненадејните поплави.

„Секој што намерно лажел за фактите околу оваа катастрофа треба длабоко да се засрами“, додаде Левит.

Трамп доаѓа „подоцна оваа недела“

Таа, исто така, рече дека Трамп ќе го посети Тексас „подоцна оваа недела“.

Трамп претходно изјави дека веројатно ќе го посети Тексас во петок.

На прашањето од новинарите за плановите на Трамп, таа рече дека „Белата куќа моментално ги разработува тие планови за патување“.

„Но, сакаме да го направиме тоа во време кое е најзгодно за локалните и државните службеници, не сакаме да ги нарушиме локалните напори.“

„Планираме за петок“, додаде таа.

„Перверзно и одвратно“

Кога еден новинар ја праша дали буџетските намалувања на Трамп за Националната метеоролошка служба влијаеле на нејзината способност да предвидува и да издава предупредувања, Левит ги нарече таквите тврдења „перверзни и одвратни“.

Вакви остри критики често се слушаат од неа кога се работи со медиумите и политичките непријатели на Трамп.

„Ова не е политичка игра, ова е национална трагедија“, рече Левит.

Портпаролката, исто така, тврдеше дека, и покрај извештаите дека некои метеоролошки станици работеле со недоволно персонал, една всушност имала „премногу луѓе“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата