Најмалку едно лице загина во нови руски напади со дронови врз Украина

8.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку едно лице загина во нови руски напади со дронови врз Украина

Еден 51-годишен маж починал од повредите во источниот регион Дњепропетровск, каде што беа ранети уште пет лица, вклучувајќи 13-годишно девојче и 14-годишно момче, соопштија властите.

Во североисточниот регион Суми, повеќекатна станбена зграда беше погодена во напад со дрон, при што беа повредени седум цивили, соопштија официјални лица, пренесе ДПА.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Лондон треба да се сретне со европските сојузници во Лондон за да разговара за предлогот на САД за ставање крај на војната што Русија ја почна во февруари 2022 година.

Разговорите во моментов се водат главно меѓу украински и американски претставници, од една страна, и меѓу САД и Русија, од друга страна, без директно европско учество. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата