Најмалку двајца загинати при налет на тајфунот Данас врз Тајван

7.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку двајца загинати при налет на тајфунот Данас врз Тајван

Брзината на ветерот достигна брзина од 144 километри на час, а на некои места наврнаа повеќе од 60 сантиметри дожд, што предизвика лизгање на земјиштето и поплави. Поради невремето повеќе од 580.000 домаќинства останаа без напојување со електрична енергија, а училиштата и институциите се затворени ширум островот.

Поради тајфунот иоткажани се летови и тракети, а  илјадници туристи се заглавени на островите Пенгу, Мацу и Грин.

Тајфунот Данас додека се движеше кон Тајвански Проток и Кина го изгуби интензитетот и се претвори во тропска бура, која според предвидувањата треба утре да стигне до јужните и источните делови на Кина. Властите во јужната кинеска провинција Гуангдонд евакуираа над 2.000 луѓе, а во два града во источната кинеска провинција Џечанг суспендиран е траектниот сообраќај и градежните работи. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата