Најмалку 61 лице загина, а 116 се повредени во поплавите во Авганистан од крајот на минатиот месец

4.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 61 лице загина, а 116 се повредени во поплавите во Авганистан од крајот на минатиот месец

Најмалку четири лица сè уште се водат како исчезнати откако поплавите погодија илјадници домаќинства и оштетија 2.448 куќи, напиша на „Х“ Забихулах Муџахид, портпарол на авганистанската талибанска влада.

Покрај тоа, уништени се и илјадници хектари обработливо земјиште, што претставува сериозен ризик за руралните заедници кои главно се потпираат на земјоделството.

Во последниве години, Авганистан беше погоден од слични големи поплави повеќе од еднаш, предизвикувајќи значителни човечки загуби и материјална штета на домовите, инфраструктурата и земјоделското земјиште.

Екстремните временски настани, како што се ненадејни поплави или суши, се сè почести во Авганистан, што експертите го поврзуваат со климатските промени.

Авганистан е меѓу земјите најпогодени од климатските промени и останува слабо подготвен да се справи со нив по децении конфликт, лоша инфраструктура и економија во криза, влошени од неодамнешните земјотреси и поплави. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата