Петмина повредени во ирански напади врз Тел Авив, експлозии и во Ерусалим

4.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петмина повредени во ирански напади врз Тел Авив, експлозии и во Ерусалим

Ракетите испукани од Иран предизвикаа материјална штета, а има и повредени, соопшти „Маген Давид Адом“, израелски еквивалент на Црвениот крст.

Најмалку шест експлозии се слушнале вечерва и во Ерусалим.

Најмалку 19 лица се убиени во Израел во иранските гранатирања од започнувањето на војната на 28 февруари со израелско-американските напади врз Иран.

Во операциите, пак, што ги започна војската на Израел против проиранската група Хезболах во јужен Либа досега се убиени 10 израелски војници.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата