Најмалку 46 луѓе загинаа во израелските напади врз Јемен

12.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 46 луѓе загинаа во израелските напади врз Јемен

- Нападите се извршени како одговор на нападите предводени од терористичкиот режим на Хутите против државата Израел, кога со дронови и проектили земја-земја нападнаа израелска територија, се наведува во соопштението на израелската армија (ИДФ).

Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе продолжат нападите врз Хутите.

- Кој и да нè нападне, ние ќе возвратиме, наведе Нетанјаху.

ИДФ вчера објави дека пресретнала ракета и дрон од Јемен, а Хутите подоцна презедоа одговорност.

- Операцијата беше одговор на израелската агресија против нашата земја, изјави портпаролот на Хутите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата