Најмалку 40 загинати во страшните поплави во Виетнам, врнежите не запираат (ВИДЕО)

20.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 40 загинати во страшните поплави во Виетнам, врнежите не запираат (ВИДЕО)

Врнежите од дожд надминаа 1.500 мм во неколку делови од централен Виетнам во последните три дена, пренесе Јутарњи.

Повеќе од половина милион домаќинства и бизниси беа погодени од прекините во електричната енергија откако поплавите ги оштетија електричните мрежи, според владините бројки. Трговците велат дека поплавните води ја нарушуваат жетвата на кафе во регионот.

Националната метеоролошка служба предупреди за нови поплави и лизгања на земјиштето за утре и продолжување на обилни дождови во регионот.

Поморските сили се распоредени за да им помогнат на погодените жители во Кан Хоа, објави Виетнамската новинска агенција (VNA), додавајќи дека поплавните води достигнале рекордни нивоа во многу области.

Најмалку девет лица се водат како исчезнати, а поплавите уништија повеќе од 52.000 куќи и над 15.000 хектари посеви, според извештај од владината агенција за управување со катастрофи, според VnExpress.

Седумгодишно девојче беше спасено доцна синоќа во Да Лат откако дел од куќата во која престојуваше се урна и ја зароби под земја, објави весникот „Нхан Дан“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата