Најмалку 30 загинати во стампедо на туристичка атракција на Хаити

12.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 30 загинати во стампедо на туристичка атракција на Хаити

Голем број посетители се собрале вчера кај тврдината Цитадела Лафериер, во северната општина Мило, објави весникот „Ле нувелист“. Тврдината од 19 век, која е под заштита на УНЕСКО, претставува симбол на борбата на Хаити за слобода од француската колонијална власт и е една од најпосетуваните туристички атракции во земјата.

Премиерот на Хаити, Аликс Дидие Фис-Еме, изрази „длабока вознемиреност“ поради инцидентот, во кој настрадале претежно млади лица.

„Владата изразува искрено сочувство до погодените семејства и им ја гарантира својата целосна солидарност во овие моменти на тага и голема болка“, се наведува во соопштението.

Властите се мобилизирани и се во состојба на зголемена подготвеност за да обезбедат помош и поддршка, додека истрагата за околностите на несреќата е во тек.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата