Најмалку 16 загинати кога авион падна врз училишен комплекс во Бангладеш, полн со деца (ВИДЕО)

21.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 16 загинати кога авион  падна врз училишен комплекс во Бангладеш, полн со деца (ВИДЕО)

Авионот се урна во кампусот на училиштето и колеџот Мајлстоун попладнето, додека беа присутни деца, објави Скај Њуз.

Телевизиските снимки покажаа пламен и чад што се издигаше од местото на настанот.

Канцеларијата за односи со јавноста на армијата на Бангладеш во кратко соопштение потврди дека авионот Ф-7 БГИ припаѓал на воздухопловните сили.

Полетал во 13:06 часот по локално време и се урнал кратко потоа.

Дејли Стар објави дека повеќе од 100 лица се повредени, врз основа на извештаи од различни болници.

Повеќето од повредените се ученици со изгореници.

Цитирајќи го дежурниот службеник во контролната соба на противпожарната служба, Протом Ало, исто така, објави дека авионот се урнал на покривот на училишната кафетерија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата