Над 20 земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

22.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 20 земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

„Ја осудуваме оваа одлука и најцврсто бараме таа веднаш да се поништи“, додадоа шефовите на дипломатиите на 21 земја.

Клучниот план за изградба на 3.400 станови на Западниот Брег, територија што Израел ја окупира од 1967 година, предвидува оваа палестинска територија да се пресече на два дела,  што оневозможува секаков можен територијален интегритет на некоја идна палестинска држава.

„Мерките што ги презема израелската Влада ја доведуваат во прашање нашата заедничка желба да осигураме безбедност и просперитет на Блискиот Исток“, наведоа министрите за надворешни работи на 21 земја, вклучувајќи ги Канада, Шпанија и Италија.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, исто така, е потписничка на текстот.

Во текстот се повикува израелската Влада да престане со изградба на населби и да ги укине финансиските ограничувања наметнати врз Палестинската самоуправа.

Планот вчера беше осуден и од ОН.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата