На почетокот на мандатот на Трамп, Макрон ја предупреди ЕУ да не зависи од американското оружје

20.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На почетокот на мандатот на Трамп, Макрон ја предупреди ЕУ да не зависи од американското оружје

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, непосредно пред инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, предупреди дека милијардите евра од парите на даночните обврзници потрошени за воените буџети на земјите-членки на ЕУ не треба да се користат за купување само американско оружје и повика на повеќе инвестиции во домашната одбранбена индустрија.

Говорејќи неколку минути пред инаугурацијата на Трамп, кој претходно се пожали дека Европејците не трошат доволно за одбраната, Макрон рече дека ЕУ треба да троши повеќе.

Во своето новогодишно обраќање до француското воено раководство, Макрон рече дека кога се вели дека земјите-членки на НАТО ќе трошат повеќе за својата војска, тоа „премногу често значи во многу земји да купуваат повеќе (оружје) од Американците“./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата