Москва: Западот размислува за саботажа во нуклеарната централа Запорожје и ја обвинува Русија за тоа

6.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Москва: Западот размислува за саботажа во нуклеарната централа Запорожје и ја обвинува Русија за тоа

Намерата е одговорноста за потенцијална несреќа да се префрли на Русија и со тоа да се промени негативниот развој на настаните за украинската страна во конфликтот, се вели во соопштението на руската разузнавачка служба, пренесуваат руските медиуми.

„Се предлага голема саботажна операција, со жртви меѓу Украинците и жителите на земјите од ЕУ, слична на трагедијата на летот MH17 на Малезија ерлајнс во 2014 година. Во овој поглед, се разгледува опцијата за саботажа на нуклеарната централа Запорожје, што би резултирало со топење на јадрата на нејзините нуклеарни реактори. Влијателната британска невладина организација „Чатам Хаус“ веќе ги пресмета последиците од таква несреќа“, се прецизира во соопштението.

Според руските разузнавачки служби, жителите на украинските области под контрола на Киев и граѓаните на земјите од ЕУ лоцирани во близина на западната граница на Украина ќе бидат во зоната на радиоактивни честички, што, велат тие, е потврдено со резултатите од специјално спроведеното компјутерско моделирање.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата