Москва: И покрај официјалното примирје, Украина нападна неколку региони со дронови

8.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Москва: И покрај официјалното примирје, Украина нападна неколку региони со дронови

Иако предлогот за прекин на огнот беше поднесен кон крајот на април, украинскиот претседател Володимир Зеленски „јавно го отфрли на 3 мај“, објавија руските медиуми.

Руските вооружени сили предупредија дека ќе го задржат правото да одговорат во случај на кршење на договорот од страна на Украина.

-Руската воздушна одбрана го одби нападот, а девет дронови беа уништени над Москва, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Ова е трет пат Русија еднострано да прогласи прекин на огнот за време на конфликтот во Украина. Претходните два пати - за време на Божиќ 2023 и Велигден 2024 година - прекинот на огнот беше прекршен од Киев, тврди Кремљ, кој ги окарактеризира постапките на украинската страна во тоа време како „цинични и необјасниви“.

Руската влада соопшти дека прекинот на огнот ќе трае до полноќ на 11 мај. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата