Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

9.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

 Денес, 75 години по објавувањето на Шумановата декларација, Европа е повеќе од Унија, таа е наш дом и можеме да бидеме горди на неа, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во видео порака по повод Денот на Европа – 9 мај. 

- Пред точно 75 години, еден визионерски лидер предложи Шумановата декларација да биде првиот чекор кон нашата Европска Унија и тоа беше почеток на најдолгата ера на мир во нашата историја, истакна Фон дер Лајен. 

Според неа, дури и во време на глобална несигурност, Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува. 

- Ние сме уникатна демократија на 27 земји и 450 милиони, имаме солидна и динамична економија, но исто така и чист воздух, чисти училишта и слобода на говорот. Живееме подолг и поздрав живот од кое било друго место во светот и сме толку атрактивни што 12 земји се на листата на чекање за да се приклучат на нашата Унија. Па затоа да живее Европа и среќен Ден на Европа, нагласи Фон дер Лајен во пораката.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата