Монструм со години се изживувал врз жена во кочина за свињи, му родила и дете- пред судот не покажа каење

27.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Монструм со години се изживувал врз жена во кочина за свињи, му родила и дете- пред судот не покажа каење

Овој морничав случај од селото Гајки во Долна Шлезија потсетува на Фрицл, кој ја држел својата ќерка затворена во подрум 24 години и ја силувал постојано. Матеуш Ј., според обвинението, ѝ нанел слична судбина на жена по име Малгожата (31), која ја запознал во 2020 година, а потоа ја заклучил на својот имот, во ни помалку ни повеќе, туку во темна и ладна кочина за  свињи.

Според обвинителот, монструмот Матеуш Ј. ја претепувал жртвата со тупаници, даска, палка и градинарско црево, објавува „Билд“.

„Тој ја силувал со посебна бруталност, а некои од овие сцени ги снимил со својот мобилен телефон“, изјавил обвинителот за полскиот весник „Факт“.

Малгожата бил во тешка психолошка состојба, гладна, без пристап до вода за пиење. За време на нејзиното заробеништво, таа забременила, а Матеуш ја принудил да го даде детето на посвојување по раѓањето.

И покрај неколкуте посети на болница поради сериозни повреди, дури во август минатата година жената им се доверила на лекарите и открила што ѝ се случило. Оттогаш, таа полека се опоравува, но сè уште е во многу тешка животна ситуација.

Со оглед на сериозноста на злосторството и потребата да се заштити жртвата, судењето било затворено за јавноста.

Обвинителството дури одлучило да ги изостави најстрашните детали од обвинението. Сепак, според весникот Факт, обвинетиот не покажал ни најмало каење и со надмен израз го гледал судењето од обвинителната клупа.

Матеуш Ј. се соочува со доживотен затвор. Жртвата, како што е најавено, нема да мора повторно да сведочи на суд.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата