Мјанмар ќе го одржи првиот круг од парламентарните избори на 28 декември

18.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мјанмар ќе го одржи првиот круг од парламентарните избори на 28 декември

Овие избори - први по државниот удар во 2021 година - ќе се одржат во декември и јануари во неколку рунди поради безбедносни причини, соопштија властите на владејачката хунта.

„Првиот круг од демократските повеќепартиски општи избори ќе започне во недела, 28 декември 2025 година - датумите за следните рунди ќе бидат објавени подоцна“, се наведува во соопштението на Националната изборна комисија.

Закажаното гласање веќе го осуди меѓународните набљудувачи, а опозицијата вети дека ќе го бојкотира, потсетуваат западните агенции.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата