Мистерија на крузер: Тинејџерка не се појавила на појадок, телото ѝ го пронашле под кревет

18.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мистерија на крузер: Тинејџерка не се појавила на појадок, телото ѝ го пронашле под кревет

Ана, која планирала да се приклучи на војската по матурата, била пронајдена мртва на крузерот додека се враќал во пристаништето во Мајами во саботата, 8 ноември, објави Дејли Меил.

Девојката била пронајдена мртва завиткана во ќебе под креветот. Ана била на крстарење од Мајами до Карибите.

ФБИ ја истражува мистериозната смрт на девојката бидејќи починала во меѓународни води. Нејзиното тело било изнесено од бродот на 8 ноември за време на шестдневно крстарење кога бродот се закотвил во Мајами откако го сменил курсот.

Причината за смртта е сè уште непозната, но судските вештаци од округот Мајами-Дејд потврдија дека смртта се случила на 7 ноември.

Истрагата на ФБИ за нејзината смрт е „многу сложена - спаѓа под она што се нарекуваат закони за посебна поморска надлежност“, изјави поранешната специјална агентка Никол Паркер за „Фокс њуз диџитал“.

Во времето на нејзината смрт, крузерот бил помеѓу Консумо, Мексико и Мајами.

Телото пронајдено под кревет

Телото на навивачка од средно училиште, пронајдено мртво на крузер било завиткано во ќебе и ставено под кревет, објавува „Дејли меил“. Извори сега му кажуваат на „Дејли меил“ дека Ана се пожалила дека се чувствувала лошо вечерта на 6 ноември додека била на вечера, па отишла во својата кабина.

Следното утро, кога нејзиниот татко Кристофер Кепнер (41) и маќеата Шонтел Хадсон (36) ја повикале на појадок, тинејџерката ја немало никаде.

Семејството почнало да го пребарува огромниот брод од 800 милиони долари, но на крајот собарката го пронашла телото на Ана кога влегла во кабина за да ја исчисти околу 11 часот наутро на 7 ноември. Два извори кои разговарале со „Дејли меил“ под услов на анонимност рекле дека девојчето било пронајдено завиткано во ќебе, покриено со елеци за спасување и оставено под кревет.

Таткото на Ана рекол дека сè уште се збунети околу причината за нејзината смрт.

„ФБИ не споделило ништо со мене. Мислев дека ќе бидат во контакт со мене, но јас знам колку и секој друг“, рекол таткото.

Тој додаде дека сите што излегле од бродот се испрашуваат.

„Не знам дали бараат некого или на што се темели истрагата“, рече тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата