Амбасадорот на Швајцарија и пет дипломати вчера заминале од Иран по копнен пат, а најавија враќање штом „дозволи ситуацијата“.
Владата на Швајцарија соопшти дека во консултации со заинтересираните земји „ќе продолжи да одржува отворена комуникациска линија помеѓу САД и Иран“.
- Швајцарија со децении ги застапуваше американските интереси во Иран. Американската администрација ја почитува одлуката на швајцарската влада и е длабоко благодарна на преданоста на Амбасадата и нејзиниот персонал. Нивната работа останува клучна за заштита на американските интереси и за поддршка на нашите граѓани, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Берн.

