Мисија на ЕУ во Црвеното Море: Зголемена опасност од напади врз американски и израелски бродови

22.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мисија на ЕУ во Црвеното Море: Зголемена опасност од напади врз американски и израелски бродови

 Поморската мисија на Европската Унија во Црвеното Море, Аспидес, денеска соопшти дека ја зголемила својата проценка на заканата на „сериозна“ за бродовите поврзани со САД и Израел што транзитираат низ Црвеното Море, теснецот Баб ал-Мандаб и Аденскиот Залив.

Проценката доаѓа откако САД ги нападнаа иранските нуклеарни постројки.

Портпаролот на јеменските бунтовници Хути денеска изјави дека одговорот на милитантната група на американскиот напад врз Иран во текот на ноќта е „само прашање на време“.

Мохамед ал-Бухаити, член на политичкото биро на Хутите, изјави дека нивниот договор за прекин на огнот со Вашингтон е постигнат пред војната против Иран, објави Ројтерс.

Хутите напаѓаат бродови во Црвеното Море од ноември 2023 година, како и израелска територија во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

Јеменските бунтовници се согласија на договор за прекин на огнот со САД во мај и оттогаш ги прекинаа нападите врз американските бродови во замена за прекин на американското бомбардирање на позициите на Хутите во Јемен.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата