Министерскиот состанок на НАТО во Брисел во сенка на глобалните царини кои ги воведе САД

4.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Министерскиот состанок на НАТО во Брисел во сенка на глобалните царини кои ги воведе САД

Војната во Украина, зголемување на трошоците за одбраната и односите со САД – се главните теми на кои шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО разговарале вчера и денеска во Брисел. Министерскиот состанок, сепак се одржува во сенка на царините кои американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе на глобално ниво. Токму тоа прашање и доминираше на завршната прес-конференција на генералниот секретар Марк Руте, кој иако посочи дека не е соодветен да одговори, сепак кажа дека националните влади на земјите – членки мора да најдат решение.

-БДП-то кое очекувате сојузниците да го користат за купување на овие нови оружје и за зголемување на нивната одбранбена потрошувачка, е истото БДП кое ќе биде погодено од овие мерки (царините) / Очигледно, националните влади ќе мораат да донесат свои одлуки и политиката е правење на избори кога имате недостаток. И не мислам дека му помагам на овој сојуз со коментирање на нешто што не е дел од политиката на Алијансата, а тоа е да се осигураме дека можеме да се одбраниме. - Марк Руте – Генерален секретар на НАТО.

Американскиот државен секретар Марко Рубио пак, по завршувањето на состанокот истакна дека очекува државите и светските берзи да се навикнат на царините. Повтори дека земјите-членки на Алијансата мора да го зголемат трошењето за одбрана бидејќи според него, за НАТО да биде силно, потребни се сојузници кои ќе бидат силни.

-Пазарите ќе се прилагодат, бизнисите ширум светот вклучително и во глобалната трговија треба само да знаат кои се правилата, кога ќе ги знаат правилата ќе се прилагодат на тие правила. Мислам дека не е фер да се каже дека економиите паѓаат, пазарите паѓаат./ Сите, генерално, со одредени исклучоци трошат повеќе на одбрана денеска отколку пред три или четири, пет години, тоа е позитивно. Тој тренд треба да продолжи,- Марко Рубио – Државен секретар на САД.

Македонија во Брисел е претставена од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски кој смета дека барањето на САД за одовјување на 5% од БДП е оправдано.

-САД се апсолутно во право дека ние треба да преземеме нашиот терет на одговорноста за мирот и безбедноста и 5 проценти можеби не се остварливи преку ноќ, но мораме да продолжиме со нашите инвестициите во нашите одбранбени индустрии, мора да продолжиме со тековните инвестиции во нашите воени капацитети и тоа е правилната траекторија по која сите мора да се движиме. Тимчо Муцунски – Министер за надворешни работи и надворешна трговија.

По состанокот на шефовите на дипломатитие на земјите членки на НАТО, Руте оцени дека Русија се уште претставува најголема закана за Алијансата и посочи дека „топката е на теренот на Русија“ кога станува збор за прекин на огнот во Украина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата