Мерц разговарал со Трамп за планот за Украина

23.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мерц разговарал со Трамп за планот за Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е првиот лидер на Европската Унија кој разговарал за новиот план на САД за решавање на конфликтот во Украина со американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Билд“, повикувајќи се на портпаролот на германската влада Стефан Корнелиус.

Мерц вчеравечер разговарал телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп, а темата на 15-минутниот разговор бил планот од 28 точки за прекин на војната во Украина.

„Тоа беше доверлив и конструктивен телефонски повик“, изјави портпаролот на германската влада Корнелиус.

Тој објави дека со Трамп се договорени понатамошни чекори на советничко ниво.

Мерц го помина целиот ден во разговори за мировниот план со други европски шефови на држави и влади, изјави портпаролот на германската влада.

Мировниот план, според германската проценка, е тесно поврзан со руските цели, предвидувајќи, меѓу другото, Украина да се повлече од територијата, да ја преполови својата армија и никогаш да не се приклучи на НАТО, што се тешки услови за Киев да ги прифати.

Трамп му даде на украинскиот претседател Володимир Зеленски рок до четврток да го прифати планот, а затоа ЕУ се обидува да најде заеднички став за планот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата