Во Женева преговори за американскиот мировен план за завршување на војната во Украина

23.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Женева преговори за американскиот мировен план за завршување на војната во Украина

Ќе претрпи ли измени мировниот план на америнскиот претседател Доналд Трамп? Европските лидери со контра предлог во Женева ќе се обидат  да го ублажат документот, кој според многумина, е список на желби на Москва, а капитулација за Украина.

На иста маса, зад затворени врати седнуваат америкнсакиот државниот сектерар, Марко Рубио во придружба на Стив Виткоф, укринаска делегација и европските сојузници на Украина предводени од таканаречената Е3 – Велика Британија, Франција и Германија.  Иако документот на ЕУ официјално не е познат, дел од светските медиуми пишуваат дека ќе се инсистира разговорите со Русија за какви било териториски размени можат да се случат само откако војната ќе престане по сегашната линија на конакт. 

Претходно Европа изрази негодување што не беше вклучена во изготвувањето на америкнасиот мировен план, а францускиот претстадетел Емануел Макрон рамки на  самитот на Г20, каде една од клучните теми беше токму предлогот на Трамп,  го оцени како добар но рече има уште многу работа бидејќи е недоволно според него координиран со ЕУ .  

„Нормално е и Украинците и европејците да бидат на маса за да го финализираат овој план. Значи, токму ова ќе го направиме утре и денот потоа за да направиме заеднички план. Сега имаме само еден проблем, и нашиот проблем не се САД во овие преговори, во оваа точка. Единствениот проблем на сите нас е Русија.“

Состанокот доаѓа во истовреме со промената на ставот на Трамп кој иако првично рече дека Зеленски мора да го прифати планот и му даде рок до четврток, синоќа ретерираше и посочи дека предлогот не е земи или остави.

„Прашање: Дали е ова вашата финална понуда за Украина? Трамп: Не ... Сакам да постигнеме мир. Војната меѓу Ураина и Русија не требаше никогаш да се случи, да бев јас претседател, никогаш немаше да се случи. Се трудиме да ја запреме, на еден или друг начин мораме да ја запреме. “

Мировниот план на Трамп предвидува 28 точки кои Киев претходно катогрично ги одби меѓу нив и предавање на целиот регион Донбас како и полуостровот Крим, кои ќе бидат де факто признати како руски, вклучително и од САД. Фронтот пак во Херсон и Запорожје ќе се замрзне долж линијата на конаткт. А се бара и драстично намалување на укринската армија.

Рускиот претседател Путин начелно го прифатил планот како добра основа. Агенцијата „Франс Прес“ пресмета дека ако биде прифатен планот, Русија без борба би добила приближно 2.300 квадратни километари, односно територија колку Луксембург.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата