Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава

26.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава

-Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива, рече Мерц на заедничката прес-конференција со Карни во Берлин, додавајќи дека „не сметаме дека условите за признавање на државата се исполнети на кој било начин во моментов“, пренесе германската агенција.

Германија смета дека признавањето на палестинската држава е меѓу последните чекори во решението за две држави во кое Израелците и Палестинците можат да живеат мирно еден покрај друг.

Спротивно на тоа, Карни кон крајот на јули објави дека неговата земја ќе ја признае Палестина на Генералното собрание на ОН во септември. Францускиот претседател Емануел Макрон исто така планира да го стори тоа, додека Велика Британија му се закани на Израел дека ќе го стори тоа доколку не се исполнат одредени услови, потсетува ДПА.

Иако Мерц воведе делумно ембарго за оружје врз Израел како одговор на израелските планови за проширување на војната во градот Газа, тој сега потврди дека Германија нема да ги следи неговите партнери во признавањето на Палестина, дури и откако Обединетите нации прогласија дека се појавил глад во делови од Газа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата