Мерсие: ЕУ е загрижена поради протерувањето на граѓани на ЕУ од Србија

11.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мерсие: ЕУ е загрижена поради протерувањето на граѓани на ЕУ од Србија

Европската Унија е загрижена поради извештаите за случаи на протерување на граѓани на ЕУ од страна на властите на Србија со образложение дека наводно претставуваат безбедносен ризик, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕУ за случаи на протерување на хрватски државјани од Србија. 

- Преземените мерки поврзани со националната безбедност треба да се спроведуваат во согласност со одредена законска рамка, но и во согласност со европските стандарди и меѓународните стандарди за човекови права. Таквите мерки не треба да резултираат со ограничување на слободите на поединци, вклучително и на странски државјани, рече Мерсие. 

Тој додаде дека во рамки на пристапниот процес на Србија, ЕУ ќе продолжи да го следи развојот на настаните во земјата врска со почитувањето на владеењето на правото и на основните права. 

- ЕК нема да се двоуми да ја искаже својата загриженост до српските власти и на повисоки нивоа, доколку тоа биде е потребно, истакна Мерсие во одговор на прашање дали Комисијата планира да преземе мерки против Србија поради ваквите случувања. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата