- Јас доаѓам од политичка заедница која често беше обвинувана за ширење омраза, а денес истите тие луѓе се радуваат и го оправдуваат убиството на еден млад човек, чиј единствен ‘грев’ беше што храбро ги бранеше своите идеи, рече Мелони на партиски собир во Рим.
Таа нагласи дека сака да покаже оти политиката може да биде авторитетна и кредибилна, но и водена од љубов кон нацијата и народот. Мелони претходно го нарече убиството на Кирк „ужасно“ и „длабока рана за демократијата и за сите кои веруваат во слободата“.
Чарли Кирк, коосновач на конзервативната организација „Turning Point USA“, пред три дена подлегна на повреди здобиени во атентат за време на негов настап пред студенти на Универзитетот во Јута Вели.