-Нема да има италијанско учество во потенцијална воена мировна операција во Украина, рече Мелони за време на виртуелниот состанок за Украина, организиран од британскиот премиер Кир Стармер, пренесе АНСА.
Таа потврди дека Италија има намера да ја продолжи соработката со своите европски и западни партнери, како и со САД, со цел да се дефинираат веродостојни и ефективни безбедносни гаранции за Украина.
Мелони разговараше телефонски со Стармер пред почетокот на виртуелната средба со неколку меѓународни лидери во таканаречената „коалиција на волни“ посветени на обезбедување прекин на огнот во Украина.
Претставници од 26 земји, плус НАТО и ЕУ, учествуваа на виртуелниот состанок организиран од британскиот премиер Стармер, вклучувајќи ги францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот претседател Володимир Зеленски, новиот канадски премиер Марк Карни и генералниот секретар на НАТО Марк Руте. /МИА